Во преполната „мтс Дворана“ во Белград се одржа концерт на српската поп икона Жељко Самарџиќ, кој по третиот концерт ќе одржи уште три до крајот на оваа година. Како и секогаш, Самарџиќ безрезервно ѝ се предаде на публиката, а тие одговорија на истиот начин. Два и пол часа траеше забавата со фановите во неисцрпен репертоар од хитовите на познатиот пејач.
Традиционално, на Самарџиќ на сцената му се придружија пријатели музичари, а вистинскиот спектакл настана кога запеа Калиопи, која исто така го прослави својот роденден. Жељко во таа прилика и подари цвеќе кое ја воодушеви. Таа ги отпеа „Црно и бело“ и познатата „Бато“, а публиката не и дозволи сама да ја заврши оваа задача, и ја поддржа во хор. Салата одекна и зрачеше посебна енергија, која магично ја создадоа пријателите на сцената изведувајќи го дуетот „Знам“.
“What a day! What a birthday! Ова беше од оние најнеобични денови!
Започна со акутен ларингит, болница, инфузии и еден топол докторски совет:
„Нема да патувате, мора да мирувате и да бидете под терапија, и онака нема да можете да пеете неколку дена!“
Јас на инфузија, стигаат пораки од вас, од цел свет, со толку љубов во нив… И како е можно човек да не ве сака, да не прочита сѐ што сте напишале, посакале?!
И ете така јас си се “разбрав” со докторите и си тргнав на договорениот пат за Белград, кај мојот прекрасен пријател Жељко Самарџиќ на концерт, оти одамна си имавме договорено дека треба да му гостувам.
Си реков, ако не можам јас, тие ќе пеат! Зарем се остава пријател на пола пат?
Зарем се пропушта ваков момент и тоа на мојот роденден? НЕ!
И заминав , дојдов, бев, се случи!
И токму кога мислев дека крилјата ми се скршени, јас пак полетав!
Каква ноќ! Каков концерт на мојот пријател Жељко! Секоја чест на публиката, тие беа вечерва мојот глас! А сега, на спиење! Сонот е исто лек!
И повторно заспивам со чувство на благодарност…Уфффф, каков ден… КАКОВ РОДЕНДЕН!“ напиша Калиопи на Инстаграм.