-Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!, пишува Лефков на Фејсбук.

Некои пратенички тропаа по собраниските врати, а на снимката на Лефков се слуша гласна расправија на опозиционерите со Џафери.

Беа прикажани и празните пратенички клупи на владеачката коалиција, а од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека на овој начин со заклучена врата, нивни пратеници нема да може да се пријават за збор на седницата.

Инаку, инцидентот се случи синоќа по 22 часот. Претседателот на Собранието.Џафери бараше од опозиционерите да направат список на пријавени за збор по 15 точка – Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна.

Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците по што вратата на салата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери рече дека, согласно Деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.