“ВЛАДЕЕ“ ОПАСЕН СТОМАЧЕН ВИРУС СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 39: Д-р Трајковски предупредува и советува

by Тони Зографски

Д-р Бојан Трајковски од Ординацијата по општа медицина „Медика Вера“ на својот профил на Фејсбук предупреди на сериозен стомачен вирус. Посочи на симптомите и советува како да се постапува:

Хара доста сериозен стомачен вирус!

Многу силни стомачни болки, грчеви страшни, силна треска, температура до кај 39, честа дијареа, нагони на повраќање…нема што нема од симптоми!

Влезе ли у фамилија ги проаѓа сите.

Изолирајте се, течности што повеќе, лесна храна, пробиотици уште од сега, спазмолитици по потреба, антипиретици и во крајна нужда и инфузиона терапија.

Држи неколку дена па затоа трпение, одмарање и без паники!

останати вести