И Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан не верува дека Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.
Пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, утрово тој беше запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во Македонија, Хан одговори:
„Се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент”.