По шест недели војвотката од Сасекс, Меган Маркл и принцот Хари им се вратија на службените должности. Нивното прово појавување во новата година беше посетата на Канадската куќа во Лондон бидејќи дел од годишниот одмор со синот Арчи го поминаа токму во Канада.
Меган за таа прилика носеше комбинација на вои кои голем број на жени ја одбегнуваат, а медиумите ја нарекоа „250 нијанси кафено“. Интересно е што војвотката од сасекс, која инаку носи брендирани парчиња од глава до пети, овој пат предност им даде на хај-стрит брендовите. Па така, носеше сукна од Massimo Dutti, H&M и Reiss.
Сепак, многумина ја забележаа малата незгода која и се случи. Очигледно нервозна поради првото појавување во јавноста по месец ипол, Меган се испотила, па пот пазувите ѝ се направило дамка.
Критичарите по социјалните мрежи пишуваат дека такво нешто не смее да им се случи на принцезите иако и тие се само луѓе.
„Некој нека и набави дезодоранс. Требало да облече нешто на што нема да се видат тие дамки“, коментирале Британците.