Најбогатата српска пејачка Дијана Јанковиќ, позната каако Диди Џеј, живее во куќа од 500 квадрати во населбата Врачар во Белград и има три куќни помошнички бидејќи нејзиниот гардеробер вреди колку половина куќа и потребно е да се одржува. Дијана која во 2013 години се омажи за 20 години постариот IT стручњак Данијел Роквиќ планира да изгради посебен гардеробер за себе.
-Целиот кат ќе биде гардеробер во стакло и огледала. Во него ќе биде само мојата гардероба. Еден ѕид ќе биде наменет за торби а другиот за чевли – откри пејачката.
Инаку, Дијана во својата колекција има “Хермес Биркин творба“ во оранж нијанси чија вредност е колку два стана во Белград. Од неодамна, популарната пејачка купила и чевли кои на себе имаа златни Ролекс часовници.