Популарната српска водителка Нина Сеничар која живее во Лос Анџелес откри дел од нејзините навики секој ден да биде во фит форма и начинот на исхрана.
“ Денот го започнувам со чаша вода, но никако не смее да биде ладна. Потоа си правам голем шејк со зеленчук, бадемово млеко и авокада. Во него покрај протеини ставам и какао во прав и замрзнати вишни и боривници. Ако не сакам да биде густ, ставам помалку вода и во чинија, па го јадам со сечкано овошје и мусли. Најважно е доручекот да биде полн со витамини – вели Нина и открива дека домашните јадења, пред се, сармата е заслужна за нејзиниот изглед.
” Кога доаѓам во Србија никако не ги пропуштам пред се, сармите на мајка ми, гибаницата со јогурт како и тестата со мак. Сакам да јадам и не се ставам на строг режим на исхрана. Секогаш го слушам своето тело и јадам тоа што ми се јаде во моментот – открива една од најзгодните српски водителки Нина Сеничар.