Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по сексуалните испади на прочуените „бунга, бунга“ вечери официјално се раздели од партнерката, и си фати нова девојка. Милијардерот кој има 83 години ја напушти Франческа Паскале (34) после 12 години заеднички живот, но тие остануваат пријатели, наведи партија на Берлускони.
Интересно е што Паскале последна дознала дека врската е завршена. Девојката во интервју откри дека инсистирала секој ден Берлускони да се омажи за неа, па била „запрепастена“ од објавата на Форца Италија, пренесува „Ла Република“.
– Ќе го задржам во моето срце засекогаш. Му посакувам среќа и се надевам дека ќе најде некој да го следи начинот на кој се грижев за него “, рече Паскале, а Берлускони веднаш најде замена за неа.
Имено, веќе извесно време кружат гласини дека Берлускони ја заменил Паскале со малку помлада, 29-годишна европратеничка од квотата на неговата партија, Марта Фашин. Освен тоа, излегоа и фотографии од новата двојка во швајцарски хотел, при што новата девојка го носи и кучето Дуду кое и припаѓало на Франческа Паскале.
– Ме возбудува кога гледам како пратеничка го шета моето куче. Јас немам проблем со тоа “, рече Паскале.
Инаку, Берлускони претходно беше осуден на седум години затвор заради проституција со малолетнички за време на организираните вечери. Казната е укината во жалбена постапка. Во моментот против него се води постапки поради тоа што го плаќал молчењето на девојките кои присуствувале на тие вечери кои често се претворале во оргии.