Алесандра Амбросио веќе со години важи за една од најзгодните жени, а на нејзиниот изглед се восхитуваат голем дел од девојките ширум светот.
Сепак, дури и најзгодната на светот има несовршености. Алесандра папарацо фотографите ја фотографирале додека уживала на плажа во Мајами, а објективот на фотоапаратот ги забележал сите недостатоци на нејзиното тело.
Фотографиите со брзина на светлината го обиколиле светот, а ниту коментарите не изостанале.
Имало и негативни коментари, но да се посветиме на оние „подобрите“. Некои велат дека совршенството не постои и дека тоа што ни се сервира на социјалните мрежи не е реална слика.
Секоја од нас има по некоја брчка, целулит на некое место или пак вишок килограми, но тоа не е ништо лошо. Несовршеностите се тоа што нè разликува и на секоја од жените им дава посебност.
„Има целулит, а и натаму е најзгодна. Мене не ми е срам“, „Треба да се пласираат повеќе вакви фотографии за младите девојки да сфатат дека не е можно да изгледаат перфектно секогаш и дека тоа е нормално“, се само дел од коментарите.