Градоначалникот на Скопје , Петре Шилегов, предмалку на Фејсубк потврди дека е позитивен на новиот корона вирус.
Во својата објава, тој тврди дека и покрај сите мерки кои што ги превземал за своја лична заштита и заштитата на луѓето околу него, сепак не успеал да се заштити од Ковид -19.
Тој додава дека се надева дека вирусот го нема пренесено на други лица а тестот кој го направил денеска го потврдил присуството на вирусот. Според Шилегов, тој има благо покачена телесна температура и нема потреба од хоспитализација.
“Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава” – напиша градоначалникот на Скопје на Фејсбук.