И годинава скопјани и нивните гости се истакнаа во оставање смет зад себе за време на прославата на градскиот плоштад. Eкипите на „Комунална хигиена“ од Скопје, за време на ноќната и утринската смена денес, собрале и транспортирале речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Винтерленд“, градскиот плоштад, улицата Македонија и Старата чаршија, информираше претпријатието.
Секоја година, на први јануари, по завршувањето на новогодишната прослава, екипите на скопски Комуналец го собираат отпадот, го чистат и го метат градскиот плоштад.