Вчера италијанската пратеничка Џилда Спортиело го искористила правото да дои дете за време на седница на парламентот, со што станала првата жена што го направила тоа во Италија.
Оваа 36-годишна членка на Претставничкиот дом го доела својот двомесечен син Фредерик, а колегите ја наградиле со громогласен аплауз за тој чин.
Иако некои држави претходно го одобрија доењето во парламентот, ова е првпат тоа да се случи во Италија. Важно е да се истакне дека околу две третини од претставниците се мажи и дека овој чин доби поддршка од сите партии.
„Премногу жени престануваат да дојат рано, не по избор, туку затоа што се принудени да се вратат на работното место“, истакнала Спортиело.

Претходно во зградите на парламентот во Италија имало посебна просторија за доење, а по предлог-законот од 2019 година на пратеничките им е дозволено да дојат и во други простории. Собраниската деловничка комисија лани дала „зелено светло“ пратеничките да влезат во собраниската сала со своите деца и да ги дојат до една година.