Италијанската манекенка Инес Трокија има 1,6 милиони следбеници на Инстаграм и ги радува обожавателите со своите фотографии.
29-годишната инфлуенсерка од Неапол соработувала со многу познати имиња во светот на модата, од Филип Плејн до Долче и Габана, а со своите следбеници често споделува фотографии кои собираат стотици илјади лајкови.
Сепак, убавата Италијанка се соочува со малку бизарни обвинувања. Имено, Инес тврди дека е толку убава што луѓето често ја обвинуваат дека е модел создаден од вештачка интелигенција, пишува New York Post.
“Исклучително е фрустрирачки што луѓето мислат дека сум модел создаден од вештачка интелигенција. Тоа е сосема лудо за мене”, се пожалила Инес, која со години позира пред камерите и го усовршува својот талент.
„Шокантно ми е тоа што некои луѓе се прашуваат дали сум реална. Мислам дека мојот профил не личи на бот-профил. Секогаш можеш да кажеш кога се користел модел со вештачка интелигенција бидејќи тие го имаат истиот тажен израз на секоја фотографија и видео. “, појасни таа.
Покрај тоа, таа објасни дека измамниците често ѝ прават фотографии и видеа, а потоа фотошопираат друго лице на нејзиното тело.
„Некој ми украде едно од видеата од профил на бот и таму доби повеќе прегледи отколку на мојот профил. Разговарав со некои мои колеги и пријатели од индустријата и тие го имаат истиот проблем“, објасни Инес, на која не ѝ се допаѓаат модели креирани од вештачка интелигенција.
„Некои од профилите со вештачка интелигенција што ги видов поставуваат невозможни стандарди. Моделите со вештачка интелигенција имаат тенденција да имаат супер бебешки лица со гради и црти на лицето непропорционални со нивните тела“, заклучила таа.
Инаку, моделите создадени од вештачка интелигенција неодамна станаа хит на Инстаграм, а една од нив е виралната сензација Емили Пелегрини, која го привлече вниманието на милионерите и спортистите. Единствениот проблем е што, за разлика од Инес – таа не е вистинска.