Пејачката Мира Шкориќ ја навредувала Неда Украден за време на снимањето на новогодишната програма на српската телевизија „РТС“. Таа почнала да ѝ вика кога Неда се пожалила на лошиот тон во студиото, пишува „Ало.рс“.
„Што глумиш лудило?! Сега се разбираш и во тон! Дали си тонец?! Што сме сите ние тука, будали? На сите ни е добар, само на тебе не ти чини“, викала Мира, која малку недостигало да направи поголем инцидент.
Изворот објаснил дека атмосферата станала многу непријатна и дека 200 гости во тој момент само немо ја следеле ситуацијата. За среќа, мајсторите за кратко време го поправиле звукот, а Неда продолжила да пее.
„Вистина е дека ми префрли и почна да ми вика и да ме навредува. Сметам дека нормално е секој пејач да има право да побара добар тон и тоа да не биде претивко или фалш. Секој доаѓа на работа и пристапува на неа онака како што мисли дека треба. Сакам сè да биде како што треба. Сакам сè да биде перфектно кога сум јас во прашање. Тоа го барам и од моите соработници. Ако некому му пречи тоа, тогаш тоа е негов проблем. За среќа, го наместија тонот и продолжив да пеам“, објаснила Неда по инцидентот.