Струмичанецот Ристо Иљашев, по кого семејството трагаше повеќе од еден месец, е човекот пронајден мртов денеска кај браната Турија во делчевско.
Како што ни потврдија од СВР Струмица, таму е пронајдено безживотно тело, а по завршениот увид на полицијата, телото ќе биде предадено на обдукција. Телото наводно било пронајдено во буре, но од полицијата засега не ја потврдуваат оваа информација.
Педесет и седумгодишниот Иљашев бил пријавен за исчезнат во СВР Струмица на 7 мај годинава, кој излегол од домот околу 13:30 часот и веќе не се вратил. Семејството постојано апелираше по социјалните мрежи за било каква информација.