Пет седмици по примање на првата доза на вакцината против коронавирусот, заразување со Ковид-19 е намалено за 80 отсто, а за 90 отсто е помала примената за болничко лекување, додека пак смртните случаи се помали за 95 отсто, покажала студијата која ја направиле научници од италијанскиот Национален институт за здравје.
Студијата била направена на примероци од 13, 7 милиони вакцинирани луѓе.
Податоците покажале дека образецот е ист и за мажите и за жените, без оглед на нивната старост, како и дека ризикот од заразување постепено се намалува две седмици по примање на првата доза од вакцината.
Од 13,7 милиони луѓе коишто биле опфатени во студијата, 95 отсто примиле две дози од вакцината Фајзер или Модерна, а останатите 5 отсто биле вакцинирани со вакцината на АстраЗенека.