Тијана Дапчевиќ во интервју за „Бекстејџ“ проговори дали некогаш би влегла во нeкое реално шоу кои ги има многу во соседните држави и истите рушат рекорди на гледаност.
Тијана вели дека ниту на крај на памет не и да биде дел од една таква емисија.
– Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделeние Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А, луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер – вели Дапчевиќ.