Бившиот новинар, актуелен пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, се ожени за Бисера Јордановска, поранешна директорка на телевизија Алсат-М.
Свадбената церемонија се одржа во хотелот Double Tree by Hilton, а кум беше премиерот Зоран Заев, придружуван од неговата сопруга Зорица.
Како што објави Женски магазин, на свадбената веселба поканет бил и претседателот на државата Стево Пендаровски, а присуствувале и министрите од Владата, Радмила Шекеринска, Венко Филипче, Рената Дескоска и други.
Матичарот ја венчал двојката во хотелот, а невестата го презела презимето на младоженецот.
Инаку, Бисера Јордановска од првиот брак има син, а Мухамед Зекири две ќерки.