Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе претставува најголемиот транспортен предизвик во историјата, сметаат претставници на авиоиндустријата, пренесува Би-Би-Си.
За да се дистрибуираат вакцините во сите земји ќе бидат потребни 8.000 авиони Боинг 747, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Иако вакцината сè уште не е произведена, со исклучок на Русија, ИАТА уште сега, заедно со со авиокомпании, аеродроми и национални здравствени организации, прави план за нејзин транспорт.
Планот за дистрибуција предвидува една доза за една личност, пишува Би-Би-Си.
Иако транспортот на стоки е новиот фокус на уништената авионска индустрија, доставата на вакцини е многу посложена задача.
Авионите првенствено мора да ги исполнуваат стандардите како што е можноста за одржување температура помеѓу 2 и 8 степени, а за некои вакцини се потребни температури под нула.