Емилија Накова, медицинско лице во Ковид Центар преку својот Фејсбук профил објаснува како го поминува работниот ден:
“Доаѓаш. Облекуваш опрема. N95 маска, 2 капи, 2 пара каљачи, ракавици. Скафандер, заштитни очила (слични како оние за гњурење”). Го закопчуваш скафандерот врз маската со што добиваш втора бариера врз устата и носот. Втор пар ракавици. Високи каљачи (или ќеси за ѓубре, она што се има во моментот). Мантил. Ракавици број 3 и визер. Влагаш во Ковид Центар каде што имаш 10на пациенти сите на респиратор. Не можеш да дишеш. Имаш градна болка. Се тресеш. Испотен си. Оставаш стапалки од твојата пот низ целата опрема кога трчаш. Да трчаш, бидејќи има многу работа. Правиш балончиња во маската. Пиеш пот. Јадеш мрсули, твои но, сепак мрсул е мрсул. Ти се маглат наочарите. Се мачиш да гледаш. Во ракавиците имаш насобрано пот во делот кај врвовите на прстите. Го менуваш горниот пар, прска пот наоколу. Чувствуваш дека си при крај со силите. Ти се гади и повраќа. Доаѓа твојата замена. Следниот маченик што наредните часови ќе го мине истото. Се соблекуваш. Од скафандерот се слева пот. Наликува како некој да пушта вода со туш низ истиот. Доле има вир од твојата пот. Излегуваш во чист дел. Се миеш и локаш литро вода на екс. Влагаш да се тушираш. Додека се тушираш во исто време ја повраќаш водата што си ја испил. Ова сум јас, секое влагање и излагање од ковид центарот. Дали знаете дека јас повеќе не чувствувам допир на својата кожа, барем не како што сум чувствувала. 80% е намалено.
Сите вие кои споделувате, објавувате, поддржувате и оправдувате стоки кои што не само што не почитуваат правила, туку и го оправдуваат дегенското однесување, не само што плукате по мене и моите колеги туку плукате и по починатите и нивните семејства“ напиша Емилија на својот Фејсбук профил.