Писателката Исидора Бјелица долго време се бореше со карциномот на јајници, побара помош во сите можни лекови, но успеа. Меѓутоа, нејзината најнова објава ја загрижи јавноста.
Имено, таа Инстаграм објави своја фотографија, а покрај неа приказната за еутаназија и за тоа дека на болен човек треба да му се дозволи да си ги скрати маките.
“Е сега навистина ми дојде преку глава – случајно видов дека госпоѓата што хистерично се спротивставуваше на воведувањето еутаназија се распрашува кога е најдобро да се успијат куче и мачка за да не се мачат. Многу интересно, мошне сме милосрдни кон кучињата, мачките, коњите, што е прекрасен израз на љубов, но затоа на човекот не можат да му се олеснат најстрашните маки кога е јасно дека е крај“, рече Исидора, а потоа проговори за најтежите маки.
“Не би им посакала на тие екстремисти да доживеат или да видат како е да се распаѓаш во неподносливи болки, кога се претвораш во суштество без ниедна човечка особина бидејќи си само чиста болка, остатоци од човек кои се распаѓаат во најстрашни маки и кога е јасно дека нема шанси да ти биде подобро туку дека е агонија што трае. Нечиј живот ОК – негова морална одлука – но мора да имаме право на милост како кучињата, мачките и коњите – се прашувам дали овие агресивни противници на еутаназија кои мавтаат со проблемот на злоупотреба некогаш ја виделе агонијата на човечкото суштество што го сакаат, а кое трпи неподнолсиви болки и маки, кое посакува ужасот да заврши…. еутаназијата мора да биде право на избор – па противниците нека бидат милостливи кон миленичињата а себеси слободно нека се изложат на најстрашни маки на распаѓањето и на најмонструозниот болен крај! Само напред господо! Мачето не може да избира дали ќе и’ сепадне милостлив газда кој сака да ја спаси од агонијата, но на човекот мора да му биде правно овозможено да може да избере – во ситуација во која нема надеж – дали сака или не сака еутаназија“, заклучи Исидора.