Натписот на бугарското здружение „Иван Михајлов“, кое пред неколку дена беше избришано од Централниот регистар е испраскан со црн спреј.
Натписот го испрскал иселеникот од Австралија, Стефан Георгиевски.
Инаку, во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека е запрена прекршочната постапка против претседателот на клубот Љупчо Георгиевски бидејќи е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Истата одлука за бришење се случи и со клубот во Охрид, „Цар Борис Трети“ по одлуката на Министерството за правда и добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на историски личности. Тргната е и таблата од местото каде што беше сместен во Охрид.
Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ги промената имињата, но не го направија тоа.
(Фото: Бабам Битола)