Планинарката Ирина Камилоска и нејзиниот сопруг, пејачот Павле Камилоски, добија ќеркичка, која ќе се вика Лена.
Пејачот на социјалните мрежи сподели фотографија од него и неговите две сестри како наздравуваат со шампањско пред Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) за раѓањето на малата Лена.
Ирина се породи една и пол година откако го добија синот Јосиф.