Водителката и маркетинг директор на ТВ Алфа, Ирена Спировска ја скрши раката. Таа објави фотки со раката во гипс на нејзиниот “Инстаграм стори“.
Како што Ирена изјавила за репортер.мк додека возела велосипед на Маврово со својот партнер Душко Исајловски, наместо да смени брзина, закочила и паднала од велосипедот.
На гипсот ѝ се потпиша нејзината ќерка Зорица, која ѝ порача: „Мамо, полека со брзините“.
Порака на гипсот доби ѝ од нејзиното момче, кој ѝ напиша дека ја сака до месечината.