Тијана Дапчевиќ раскажала како модната креаторка Верица Ракочевиќ и помогнала да забремени:
– Сите знаеме што се преживеавме јас и Милан додека не го добивме Вук, го чекавме 7 години. Неможев да останам бремена, имав здравствени проблеми. Верица тоа го знаеше, и од Куба ми донесе некоја фигура на една баба која држи цигара во уста и ми рече: Слушај, еве ти ја оваа баба, секоја вечер од нејзините уста земи ја цигарата и шепни ѝ дека сакаш да бидеш бремена и потоа врати ѝ ја цигарата. Тоа ќе го правиш секоја вечер, а јас ќе добијам внуче.
Тоа го правев секој ден. Еден месец подоцна дознав дека сум бремена, -раскажа Тијана.