Иранските весници малку несмасно ја цензурирале Георгина Родригез на семејна фотографија, и иако не била облечена провокативно, тие решиле да го променат изгледот на нејзиното тело.
Георгина Родригез се фотографирала со својот партнер Кристијано Роналдо и со нивните деца по повод роденденот на фудбалерот.
Имено, нејзиното парче облека ја следи линијата на телото, а бидејќи позирала странично, во фокус се нејзините облини. Сепак, за некој ова било премногу.
Иранскиот весник „Хамшахри“ решил да ја цензурира оваа фотографија со тоа што многу несмасно ја фотошопирале позадината на Георгина, која во новото издание е рамна како даска.
Британско-иранскиот актер Омид Џалили, отворен критичар на режимот во Техеран, изјавил: „Покажувањето толку малку почит кон жените со тоа што ги осакатувате во јавноста, кажува многу“.
Инфлуенсерката е препознатлива по разголените фотографии на кои го истакнува својот физички изглед.