Две инфлуенсерки се удавија откако се забавуваа на јахта во Бразил, затоа што одбиле да носат елеци за спасување затоа што мислеле дека ќе им се уништат нивните селфи фотографии, пред нивниот брод да биде потопен од огромен бран.
Алин Тамара Мореира де Аморим (37) и Беатриз Таварес да Силва Фариа (27) беа пронајдени мртви откако нивниот пренатрупан брод се превртел покрај брегот на делот познат како Ѓаволско грло додека се враќале од забава, објави Њујорк Пост.
Influencers drown during yacht party off the coast of Brazil. Aline Tamara Moreira de Amorim and Beatriz Tavares da Silva Faria. pic.twitter.com/8QwUU6v8lM
— Karen Weber (@WeberGirl765) October 29, 2024
Полицискиот комесар во Сао Винсенте, Маркос Алехандра Алфино, вели дека инфлуенсерите одбиле да носат елеци за спасување: „Некои не сакале да ги носат затоа што правеле селфи. Тие рекле и дека им пречат кога се сончаат“.