Латино дивата Џенифер Лопез иако оваа година ќе наполни 50 години изгледа фантстично. Таа сними спот за ремиксот на нејзината песна „Medicine“, направен во соработка со Стив Аоки, на кој доминира нејзиниот сексипил. Џенифер со своите облини и прекрасното тело никогаш подобро и посекси не изгледала.
Таа облечена во маичка и гаќички ги воодушеви своите обожаватели и покажа дека е во топ форма.
Музичката ѕвезда танцува и заведува во видеозаписот, а нејзините фанови се едногласни дека за неа годините се само број.