Кон крајот на минатата година Бред Пит (60) официјално ја потврди врската со 34-годишната дизајнерка на накит Инес де Рамон.
Тоа е првата сериозна врска на актерот по разводот со Анџелина Џоли. Извор близок до Бред сега за Дејли Меил изјавил дека Инес многу му го олеснила турбулентниот период по разводот со 48-годишната актерка.
“Бред е среќен што нема никаква драма со Инес. Не размислува за ништо негативно кога е со неа”, рекол изворот. Тој додаде дека Бред сака да разговара за неговите актерски улоги со својата партнерка и цени дека таа го поддржува во неговата кариера. “Нема драма или притисок. Тој ѝ верува и мисли дека таа е најдобрата за него. Тие се среќни и сакаат да видат каде ги води нивниот заеднички живот”, додал изворот.
Иако се во среќна врска, Инес и Бред не планираат венчавка. “Бред нема проблем повторно да се ожени, но моментално не размислуваат за тоа. Тој е многу среќен и заљубен, но нема да има веридба или свадба”, изјавиле претходно за Дејли Меил извори блиски на актерот. Покрај тоа, Бред наводно ја запознал Инес со повеќето од шесте деца што ги има со Анџелина.
Потсетуваме дека Инес де Рамон претходно беше во брак со актерот Пол Весли, а нејзината страст и работа е скапиот накит. Таа моментално работи како потпретседател на Anita Ko Jewelry. Поминала четири години во швајцарската компанија за луксузен накит De Grisogono.