Маж од Индија, кој две години страда од болки во стомакот, ги шокирал лекарите кои во неговиот стомак пронашле повеќе од 60 предмети од домаќинството, пишува „The New York Post“.
За време на рендгенот, најдовме синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во стомакот“, изјави Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, каде што се лекувал човекот. 35-годишниот Кулдип Синг отишол во болница откако со месеци трпел силни болки во стомакот и развил и треска.
Лекарите направиле рендген и откриле дека Синг изел приближно 60 предмети, вклучувајќи синџири, навртки, завртки, слушалки и сигурносни иглички, магнети, копчиња и патенти од кошули и многу други.
Лекарите му дијагностицирале ментална болест поради која компулсивно голта други предмети освен храна, соопштија од клиниката. Како што наведуваат, болеста е најчеста кај малите деца, бремените жени и лицата со психијатриски нарушувања, вклучително и нарушувања од спектарот на аутизам, интелектуална попреченост или шизофренија.
„Бидејќи јадел остри предмети, имаше тешки рани во стомакот“, изјавиле лекарите. Синг последователно беше подложен на тричасовна операција предводена од хирургот Ануп Ханда и гастроентерологот д-р Вишавнур Калра.
Иако процедурата била успешна, пациентот се уште е на респиратор и е во критична состојба.
Извор: Индекс.хр