Оливија е добро позната плус-сајз инфлуенсерка и често истакнува дека може да го има кој маж и да посака. Зошто? Бидејќи има позитивен став кон своето тело и воопшто кон животот, не се срами од своите облини, вишокот килограми и не дозволува никој да ѝ ја разниша самодовербата со каков било коментар, бидејќи верува дека е секси.
„Можеби имам голем задник, но никогаш не сум имала проблем да „украдам“ некој маж“, рекла Оливија, а потоа додала дека „во ред е луѓето да имаат преференции“, но дека и луѓето кои имаат тело слично на нејзиното се заводливи и поседуваат голема доза на внатрешна убавина.
Оливија се осврнала и на фактот дека многу жени кои не изгледаат според „стандардите за убавина“ и кои се борат со вишокот килограми често немаат храброст да облечат костим за капење бидејќи се срамат од своето тело.
„Дури и мажи кои не сакаат покрупни девојки, доаѓаат кај мене. Сите сме убави на свој начин, многу сме уморни од тоа да нè мразат само затоа што имаме прекумерна тежина“.
„Ништо не е толку ослободувачко како кога носиш бикини, а целиот свет се обидува да те засрами поради тоа“, изјавила инфлуенсерката, чии обожаватели ѝ велат дека е „прекрасна“.
Колку Оливија има самодоверба говори и тоа што заработува многу пари од разголувањето на платформата OnlyFans. Добива многу комплименти од мажите, бидејќи покажува колку верува во себе и дека не се срами од своето тело и дека се чувствува безбедно во своја кожа.
Црвенокосата Оливија неодамна им одговорила на критичарите за нејзиниот изглед објавувајќи слика во бикини. Објавата привлече илјадници лајкови и многу коментари: „Зошто си преубава“, „Кралица“, „Толку си убава“, „Зачудувачки“, „Жешка дама“…
Таа завршила со тоа што им порачала на сите покрупни дами „да се преправаат додека не се чувствуваат сигурни“ и „да не дозволуваат нивните несигурности да ги задржат и да ги спречат да уживаат во животот максимално“.