Кијану Ривс редовно добива поддршка од Александра Грант. Холивудскиот актер доби посета од саканата на сетот на новиот филм „Good Fortune“ во Лос Анџелес.
На паузата од снимањето на сцените, 59-годишниот актер си размени бакнежи со 54-годишната артистка и разговараа додека гледаа во неговиот мобилен телефон.
Александра е со својата препознатлива седа коса, со очила и во опуштено издание и „отскокнува“ од типот на жени кои сме навикнати да ги гледаме околу познатите холивудски актери.
Александра е со својата препознатлива седа коса, со очила и во опуштено издание и „отскокнува“ од типот на жени кои сме навикнати да ги гледаме околу познатите холивудски актери.
Познато е дека Александра и Кијану се запознале на вечера во 2009-та година и заедно соработувале на два проекти, пред и официјално да откријат дека се во врска во 2019-та година.
Во едно интервју, актерот рече дека кога е со неа чувствува вистинско блаженство.
„Доживеав вистинско блаженство пред неколку дена со мојата девојка. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се насмевнувавме, се кикотевме.
Се чувствувавме одлично. Убаво е што сме заедно“ – рече актерот во интервјуто.
Од видеото и фотографиите што масовно се споделуваат низ социјалните мрежи и низ таблоидите може да се види дека љубовта на парот сѐ уште е силна и вистинска, а тие двајца се радуваат на секој миг што можат да го украдат за да бидат заедно.