Без оглед колку е мал нивниот стан, ништо нема да ги спречи брачните двојки во Јапонија да спијат барем во одделни кревети, ако не и соби.
Сепак, тоа не е знак дека тие имаат проблем во нивниот брак, туку нешто за што веруваат дека им прави добро на многу начини. Еве зошто во Јапонија, мажот и жената не спијат заедно:
1. Различно време на будење и спиење
Ова е прво нешто што ги тера Јапонците да ги одвојат собите, или барем кревети. Будењето на другата половина само затоа што мора да станете рано или да се вратите доцна, едноставно не е во прашање. Јапонците знаат колку е добро спиењето за физичкото и менталното здравје и прават сé за да го зачуваат.
2. Бебињата спијат со своите мајки
Мајките во Јапонија спијат со своите деца и ова се смета за многу важно, бидејќи се верува дека оваа навика го спречува ризикот од ненадејна смрт кај новороденчињата и му помага на детето да има стабилен срцев ритам. Таткото треба да одлучи сам дали ќе спие со нив или ќе се пресели во друга просторија, но не смее негативно да влијае на спиењето на мајкатаа и бебето.
3. За Јапонците, одвоено спиење значи мир
И додека остатокот од светот го гледа спиењето во различни простории претежно како иден развод, Јапонците размислуваат сосема поинаку. Тие едноставно многу го ценат квалитетот на спиењето, до толку што нема да дозволат ништо да ги вознемирува. Јапонците не сакаат да бидат разбудени од хрчењето на партнерот, вртењето, удирање во сон… И другиот апсолутно го разбира тоа.