Натали Портман гостуваше во популарната емисија The Late Late Show with James Corden , а гледачите пред малите екрани беа изненадени од изгледот на славната 41-годишна актерка.
Натали е препознатлива по својата фина, ненаметлива, природна убавина и вродена нежност, но се чини дека како и многу од нејзините колешки и таа не одолеала на естетската хирургија.
Имено, таа во споменатото шоу покажала видно изменето лице – се чини дека го коригирала носот и дека со хијалурон ги надополнила јаболчниците.
Интересно е тоа што оваа актерка своевремено го заслужила осмото место на листата славни жени со најсовршено лице на светот која ја креирале научниците, а која се темели на теоријата на златен пресек. Но, се чини дека без оглед на ова ласкаво признание, таа не била целосно задоволна во својата кожа.
Реакцијата на публиката на социјалните мрежи на изменетиот изглед на Портман била бурна:
„Имаше толку уникатна убавина, не можам да поверувам дека се претвора во исто што и сите други“, „Толку убаво, софистицирано лице и себеси да си го направи ова…“, „Што направила со своето лице?“, „Има целосно ново лице“, „Изгледа како Деми Мур“, „Не би знаел за кој станува збор, да не напишевте“, биле само дел од многубројните коментари.
Инаку, Оскаровката на снимањето пристигнала во едноставно, атрактивно издание бирајќи класично модно парче. Таа се појавила во мал, црн фустан, но храбриот изрез во пределот на градите и големата панделка се погрижиле истиот да не изгледа здодевно.
Да ве потсетиме, ѕвездата на филмот „Black Swan“ од 2012 година е во брак со францускиот кореограф Бенжамин Милпје кој го запознала во текот на снимањето на споменатото остварување, а парот има две деца – синот Алеф и ќерката Амелија.