Пејачката Тамара Тодевска беше гостинка на “Жешкото столче“. Меѓудругото, Тамара откри дека е талентирана во цртење, а Хана и Дарен биле уметнични надарени на мама.
Исто така таа кажа и дека „Тажна љубов, среќна песна“ и е досадена и не сака да ја пее, а дека „Пукни зоро“ и е омилена од народните.
Тамара откри и зошто ја истетовирала македонската химна.
-Не се истетовирав да ми простат, само едно сабајле се разбудив и реков дека сакам да ја истетовирам химната. Му кажав на дечкото што ме тетовира што сакам и ми рече – дали си ти нормална. Едноставно сакав да го имам на телото тоа да ме потсетува на еден период од кој ми остана рана на срцето, – вели Тамара.
Жешкото прашање беше дали има некој од естрадата што не го може на што одговори:
-Постои…има луѓе што не можам да ги гледам и тоа од скоро време, – директна беша Тамара, без да открие за кого се работи.