Актерот Борис Комнениќ, најпознат по улогата на Саша Гуза Попадиќ од популарната серија „Бољи живот“ почина синоќа на 64-годишна возраст. Безживотното тело на Комнениќ било најдено во неговиот стан во Нов Белград, а медиумите објавуваат дека се борел со тешка болест.
Меѓудругите Комнениќ го играше и ликот на Стево во серијата “Колегинице“, а неговиот колега Пеѓа Дамјановиќ кој снимал со него, откри за курир.рс дека Борис последните денови имал неиздржливи болки, поради што често не можел да доаѓа на снимање.
“ Последната сцена моравме да ја измениме бидејќи немаше шанса да дојде на снимање. Комплетно ја изменивме, а деловите каде што требаше да се појави во минување ги пополнивме со дублер. Уште тога беше прежално, кога гледате некој сосема друг човек во костумот на “Стево“, и свесни сте дека дублерот не е тука поради опасната сцена, туку затоа што нашиот Борис, најомиленото, најдуховитото, најшармантното “гунѓало“ на светот, е спречен да дојде поради неиздржливи болки“, рекол Дамјановиќ.