Лејди Гага за прв пат ги откри деталите за силувањето што го доживеала кога имала 19 години.
Таа зборуваше во документарецот „The Me You Can’t See“за ментално здравје .
Гага изјави дека ја силувал постар музички продуцент, по што останала бремена.
“Имав само 19 години и полека станував дел од бизнисот, а потоа продуцентот дојде еден ден и само ми рече: „Соблечи се“. Реков „не“ и заминав, но тој постојано ми се закануваше и ми велеше дека ќе ја уништи целата моја музика, сè за што сум работела дотогаш. Не запре и во една прилика само замрзнав. Не се ни сеќавам на продолжението“, Гага го започна признанието, а потоа се расплака.
Гага не сакаше да го спомене името на продуцентот од страв од тоа што би можело да се случи, па изјави дека таа траума ја поминала така што долго време била физички болна.
„Бев болна неколку недели, месеци потоа, и тогаш сфатив дека тоа е истата болка која ја почувствував кога личноста која ме силуваше ме остави бремена на аголот“, изјави таа.
Пејачката призна дека овој инцидент ѝ оставил физички и емоционални лузни кои траат се до денес. Поради хроничните болки, докторот ѝ предложил да посетува психијатар кој на крајот установил дека нејзината дијагноза е пострауматско стресно пореметување.
„Имав тотално психотична пауза и неколку години не бев своја. И денес кога ја чувствам болката, тоа е истата болка како по силувањето. Имав неколку магнетни резонанци и скенирања кои не покажаа ништо. Но, телото памти.
„Дури и кога имам шест добри месеци, доволен е еден лош ден да се чувствам грозно, а кога велам дека се чувствувам грозно, мислам дека сакам да се убијам. Мислам на самоубиство. Се прашувам дали некогаш ќе го направам тоа. Ги научив сите начини да се извлечам од тоа размислување, но тешко е. Знаете зошто не е добро да се самоповредувате? Затоа што потоа станува уште полошо. Мислиш дека ќе ти биде подобро бидејќи на некого му покажуваш: Гледај, ме боли! Но тоа не помага!“.
Претходно, Гага откри дека силувањето што го преживеала го криела од сите седум години.