Легендарниот Роналдо Луис Назарио де Лима (45) некогаш важеше за еден од најдобрите фудбалери и беше на врвот на славата. Успешната кариера, парите и убавите жени се само дел од неговиот живот.
Бразилецот мораше да ја прекине својата кариера по низа повреди, како и поради болест на штитната жлезда, а дека беше еден од најдобрите играчи потврдуваат и многу фудбалери.
„Човекот ја редефинираше „деветката“ во фудбалот. Тој самиот беше напад. Неговите момци можеа да играат посебен фудбал само затоа што напред имаа таков феномен“, изјавил во една прилика францускиот фудбалер Анри.
Денес Роналдо не наликува на оној стариот Роналдо – тој се здебелил речиси до непрепознатливост, а се смета дека причината за вишокот килограми е токму болеста.
Поранешниот фудбалер бил фотографиран на плажа додека уживал со својата поубава половина, Селина Локс, која е 13 години помлада од него.
Парот уживал во магијата на морето и плажата, бил видно расположен и насмеан и се чини дека нивниот однос е одличен.
Роналдо отсекогаш бил во центарот на скандалите, живеејќи развратнички живот. Во една прилика самиот признал дека имал афери со проститутки кои сакале да го ограбат.
„Многу плачев. Тоа е неверојатен срам и големо разочарување. Тоа беше огромна грешка во мојот приватен живот, најлошата одлука во мојот живот“, изјавил во едно интервју.
Неговото богатство се проценува на 160 милиони долари. Зад себе има 3 брака и 4 деца.