Кристофер Стил, поранешен британски шпион и агент на MI6, тврди дека поседува снимка како некогашниот претседател на САД, Доналд Трамп има оргија со проститутки, наведувајќи и дека составил комплетен, втор по ред, извештај за Трамп кој би можел “скапо да го чини него и неговите соработници”.
Најновиот удар на Доналд Трамп, иако веќе некое време не е чело на земјата, го поттикнало прашањето зошто тој сега повторно е на удар, па некои медиуми наведуваат дека единствено објаснување за тоа е фактот дека тој би можел во 2024-та година повторно да се кандидира на претседателските избори и така да го загрози ре-изборот на актуелниот претседател Џо Бајден.
Стил, потсетуваме, е автор на извештајот од 2017-та година кој предизвикал невидена бура во американската и светската јавност, со оглед на тоа дека во него пишувало дека Трамп е руски човек, при што се објавени и наводни “докази” дека неговите луѓе во текот на кампањата во 2016-та година се состанувале со луѓе блиски на Владимир Путин.
Исто така, во првиот документ Стил тврдел дека Трамп кога го водел натпреварувањето “Мис Универзум” во 2013-та година, пред да влезе во политиката, во Москва имал оргија со неколку проститутки, при што тие наводно и уринирале по него. Сега британскиот разузнавач тврди дека поседува и снимка од тие забави, кои цело време биле во рацете на руски разузнавачи кои ги чувале за да го уценуваат Трамп, “ако еден ден дојде време за тоа”, пренесува британски “Bussiness Insider“.
Извештајот од пред четири години ги поттикнал Сенатот и ФБИ да започнат посебна истрага за мешањето на Русија во американските претседателски избори, но на крајот документот бил отфрлен бидејќи во себе не содржел вистински докази, туку се засновал на, како што рекле од ФБИ, на шпекулации. Истото тоа цело време го кажувал и Трамп.
Сепак, првиот извештај нанел поприлична штета на неговиот углед, но и на кариерите на некои негови соработници. Исто така, потсетуваме, затворен е лидерот на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, како и советникот за кампањата Џорџ Пападопулос, додека од неговиот тим под притисок заминал Роџер Стоун, кој подоцна бил осуден на две години затвор за лажењето за руското мешање во американските избори.
Стил тврди дека во вториот извештај има поинакви извори отколку во првиот и дека тие ќе имаат огромно влијание.