Грчките медиуми тврдат дека милијардерот и сопственик на „Тесла“, Илон Маск, со неговиот авион во раните утрински часови пристигнал на аеродромот во Миконос. Тој денеска бил виден како руча во ресторан на плажа, а наводно е и на снимката од видео што се шири на социјалните мрежи, на кое се гледа како тој ужива на брод.
По само неколку дена откако милијардерот го откажа договорот за купувањето на Твитер, првата фотографија од него е објавена токму на оваа социјална мрежа.
Грчкиот остров Миконос е омилената дестинација на љубителите на забавата, убавите песочни плажи, тиркизната боја на морето и е остров на врвот на посакуваните летни места за одмор.