964
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил пред малку информира дека Иле Стрезовски полека заздравува по пресадувањето на срцето од донорот Верица Белчовска.
“Неполни два дена по операцијата која му го спаси животот, младиот Иле полека заздравува на Клиниката за кардиохирургија. Бескрајно благодарен на тимот на лекари кои помогнаа да добие нова шанса за живот и пред се на семејството на младата девојка чие срце денес чука во неговите гради.
Му посакувам што поскоро да закрепне и да се врати дома кај неговото семејство“, напиша Филипче.
