Израелски војник шутна палестинско знаме, па активираше експлозив (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Еден израелски војник е повреден откако шутнал оставено палестинско знаме без да претпостави дека под него има поставен експлозив. Моментот со телефон е снимен од страна на неговиот колега.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, инцидентот се случил во близина на населбата Кохав Хашахар кога резервистот кој не бил на должност видел како се вее палестинското знаме.

Според израелската организација Спасувачи без граници, мажот бил полесно повреден од експлозијата и дури одбил да биде пренесен во болница откако му била укажана прва помош.

Инцидентот го истражуваат израелските вооружени сили.

останати вести