Француски туристи изнајмиле вила на Хвар за 6.240 евра преку Букинг, а таму ги дочекало градилиште.
„Еве, дојдовме пред вилата на 18. август и испадна дека се е измама. Немаме каде да преноќиме. Се јавивме и до агентот, ни рече дека не е негов проблем што ќе спиеме надвор“, напишала Жули на Твитер.
Таа, заедно со девет пријатели изнајмила вила на Хвар за 6.420 евра, но кога стигнале ги дочекал пат, неколку камиони и багери.
„Никој не сакаше да ни помогне. Од соседите во близина на градилиштето дознавме дека имало повеќе вакви случаи. Ја побаравме службата за корисници, ни понудија враќање на парите во рок од 10 дена или резервација за друго сместување, но на наш трошок“, напишала очајната девојка.
Додала дека пет часа разговарале со службата за корисници и дека е неприфатливо вработен во агенцијата да им каже дека не е негов проблем што они мора да спијат надвор.