Откако благодарение на брзата реакција беше откриена неговата измама со неколку туристи од Србија и Македонија, неименуваниот маж почнал да им ги враќа парите на измамените семејства на кои им продавал непостоечко сместување во Грција.
Измамата што завчера беше откриена во рамките на Фејсбук групата „Грчка инфо“, од Наташа, која е една од администраторите, почна да се разоткрива, а по првичната објава дека е измамено семејство од Србија кое дошло во Неи Пори со бебе, каде и дознале дека станот што го платиле не постои, почнале да се јавуваат уште неколку семејства.
Вкупно, како што наведуваат администраторите на страницата, наводно биле измамени шест семејства од Србија и две од Македонија.
Изнајмени непостоечки станови за 65 евра
Иако ваквите работи завршуваат со исчезнување на измамникот, под притисок на јавноста и обелоденување на преписките како и потврди за уплатените пари, измамникот од Србија наводно почнал да ги враќа парите.
„Бидејќи предупредувањето за измамата го објавија медиумите (им благодарам за тоа), се чини дека ја сфатил сериозноста на ситуацијата и почнал да ги враќа парите. Наводно вчера на две семејства им вратил 200 евра.Тоа секако не значи дека нема да продолжи штом се смири ситуацијата или дека нема да се појави некој нов.- Наводно е во Грција, а парите се дадени на неговиот наводен брат во Србија.Претпоставката е дека ги зема парите во Србија и дека братот не постои „дава“ непостоечко сместување и сместување од страницата Букинг од други сопственици- апартмани чија цена на Букинг е 195 евра е ги дава на луѓе за 65 евра“, се вели во соопштението на веб-страницата „Грчка инфо“.
Засега не се знае дали бројот на измамени е конечен, и дали парите се вратени на сите.
Да потсетиме, за жал, во последниве години се почести овој тип на измами, а најмногу луѓе досега се измамени од тип кој се претставува како од Слаѓа, а кој „издавал“ станови на Халкидики за многу помали сума на пари од она што беше на пазарот. Кога жртвата праќала дел од парите или целата сума, измамникот ќе исчезнал на некое време, за подоцна да се врати со друго име.