На паркинг во скопската населба Ново Лисиче синоќа изгоре автомобил марка „Рено лагуна“.
Според очевидци, горењето на возилото предизвикало паника кај луѓето кои се затекнале на паркингот, но брзо била повикана противпожарна екипа која за кратко време го изгаснала огнот. Пожарот го пријавиле луѓе кои живеат во близина на паркингот, а сопственикот на автомобилот не се појавил додека траела интервенцијата на пожарникарите.
Околу опожареното возило имало и други автомобили, но сопствениците успеале да ги тргнат навреме, па така бил избегнат поголем инцидент.