Силна експлозија се случила синоќа во возилото во кое се возел претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија Ѓорѓи Манасков. Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа не успеа да го изгасне возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел.
Во возилото Манасков бил со сопатник, но и двајцата се неповредени, соопштија доцна синоќа од комората. Настанот се случи на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.
„Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа веднаш реагираше, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, објавија од Комората за енергетика.