ИЗГЛЕДА ФЕНОМЕНАЛНО: Пенелопе Круз во стајлинг која ја прави десет години помлада (ФОТО)

by Тони Зографски

Пенелопе Круз никогаш не пропушта прилика да импресионира со својот изглед на црвениот тепих и со причина веќе со години ја носи титулата на една од најдобро облечените жени.

Така било и овојпат кога се појавила на премиерата на филмот „L’immensità“ во Париз.

48-годишната актерка заблескала во црно сако-фустан со кариран дезен, на кој посебна доза на елеганција му дал црниот кожен ремен со ефектна тока, а овој модел совршено ја истакнал нејзината витка линија.

Шпанската убавица го заокружила изгледот со класични салонки и елегантна мала чанта, како и ефектни сребрени обетки.

И покрај тоа што на жените над 40-та година не им се препорачува да носат темна шминка и кратки фустани, Пенелопе го направила токму тоа – таа ги истакнала своите убави црти со неутрална шминка, додека акцентот бил ставен на очите, а романтичната фризура со голема црна панделка ѝ „избришала“ неколку години од лицето.

останати вести