Пенелопе Круз никогаш не пропушта прилика да импресионира со својот изглед на црвениот тепих и со причина веќе со години ја носи титулата на една од најдобро облечените жени.
48-годишната актерка заблескала во црно сако-фустан со кариран дезен, на кој посебна доза на елеганција му дал црниот кожен ремен со ефектна тока, а овој модел совршено ја истакнал нејзината витка линија.
Шпанската убавица го заокружила изгледот со класични салонки и елегантна мала чанта, како и ефектни сребрени обетки.
И покрај тоа што на жените над 40-та година не им се препорачува да носат темна шминка и кратки фустани, Пенелопе го направила токму тоа – таа ги истакнала своите убави црти со неутрална шминка, додека акцентот бил ставен на очите, а романтичната фризура со голема црна панделка ѝ „избришала“ неколку години од лицето.