Интернетот може да биде прекрасно поддржувачко место, но и многу обесхрабувачко место. Изгледа дека атлетичарката и писателка Лидзи Хана Волтер ги доживеала и двете страни, многу брзо откако успешно го истрчала неодамна завршениот Лондонски маратор, долг 42 километри.
Волтер има алопеција, автоимуна болест која предизвикува губење на косата, но и другите влакна на телото. Таа често ја користи својата платформа за да ја подигне свеста за ретката болест.
Откако на 23 април успешно го завршила Лондонскиот маратон и собра 2.735 евра за фондацијата „Make-A-Wish“, таа објави фотографија на која се гледа таа додека трча на маратонската патека со иконскиот Биг Бен во позадина.
Во еден од коментарите на оваа фотографија негативно бил искоментиран изгледот на Волтер, по што решила да ја избрише фотографијата. Меѓутоа, набрзо ја надминала својата несигурност и повторно ја објавила.
„Порано ја споделив оваа фотографија затоа што многу горда на мојот напор на Лондонскиот маратон, но потоа некој искоментира „изгледаш како болен, грд маж“. Во тој момент се чувствував толку поразено, па ја избришав. Но, сега не. Не дозволувам да победи негативноста на другите. Ја сакам оваа фотографија“ – напиша на Твитер Волтер, кога повторно ја објави фотографијата.
Нејзиниот твит набрзо собра голем број лајкови, а многу луѓе ги исполнија коментарите со охрабрувачки зборови. Еден корисник на Твитер ѝ напиша: „Изгледаш победнички и со Биг Бен во позадина, ова е ѕвездена фотографија. Треба да бидеш горда на она што си го постигнала. Честитки“.