Секој хороскопски знак си има мирисни ноти кои најдобро му прилегаат. Според хороскопот, ориенталните и цветни мириси најдобро им прилегаат на огнените знаци, мирисот на мошус и зелени растенија се одлични за земјените знаци, на водените најдобро им одговараат цитрусни ноти, а пак воздушните знаци преферираат свежи цветни нијанси. При купување парфем за некоја драга личност, можете да се придржувате до овие совети.
Овен
Огнениот Овен најдобро се чувствува со мирис кој содржи каранфил, ѓумбир, јоргован или ванила.
Бик
На Бикот можете да му подарите мирис на база на анис, циклама, јоргован, магнолија или јасмин.
Близнаци
Близнаците ќе се израдуваат ако им подарите парфем на база на рузмарин, мента, лаванда, љубичица или ирис.
Рак
На водениот знак Рак најдобро му прилегаат парфеми на база на љубичица или ирис, но и сите парфеми со цитрусна нота.
Лав
Огнените Лавови преферираат помоќни мириси кои привлекуваат внимание, па набавете нешто на база на лаванда, сандаловина или оригано.
Девица
На Девицата која има истенчен вкус ќе ѝ се допадне парфем на база на врба, лаванда или јасмин.
Вага
Овој воздушен знак ќе се воодушеви од мирис на база на врба, каранфил, јасмин или роза.
Скорпија
Водените Скорпии ќе бидат многу задоволни со парфеми на база на јасмин или црвен каранфил.
Стрелец
Нема да згрешите ако на огнениот Стрелец му подарите парфем на база на орхидеја, ванила, лаванда или љубичица.
Јарец
На овој знак можете слободно да му подарите парфем на база на мимоза или љубичица.
Водолија
Водолијата е неконвенционална, па најмногу ќе ѝ се допаднат парфеми со необични комбинации од повеќе различни ноти, но задолжително нека бидат енергични и цветни.
Риби
Водените Риби сакаат парфеми на база на ирис, роза или љубичица.